Хрватите на духовит начин бараат од луѓето да не употребуваат петарди!

Фото: EPA-EFE/Anders Bjuro/TT

Многу спортски екипи се огласуваат преку своите социјални мрежи по земјотресот кој ги потресе хрватските градови Сисак, Глина, Петриња и околината.

Еден од клубовите кој се огласи е и ФК Локомотива, хрватскиот фудбалски прволигаш кој одлучи да се насочи кон проблемот со петардите, од кој многу луѓе се жалат со денови.

Загребскиот клуб, во чиј состав има двајца македонски интернационалци Едис Малиќи и Џемал Ибиши, на еден духовит начин ги повика граѓаните да престанат да пукаат петарди.

– Ве повикуваме да се воздржите од фрлање петарди. Доволно беше стрес. Доживеавме „петарда“ (пораз од 5:0) во септември во шведскиот Малме и верувајте дека не е пријатно – напишаа од Локомотива во објавата повикувајќи се на пораз во квалификациите за Лигата на Европа кој го доживеаја оваа есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот