Хрватите ќе може да одат на првомајска скара, но со почитување на мерките против коронавирусот

скара
Flickr/USDAgov

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, вчера изјави дека граѓаните ќе може да одат на првомајска скара за Денот на трудот, но со почитување на мерките од владата.

„Скарата е дозволена, но физичката оддалеченост треба да се почитува. Во рамките на семејството можна е нормална дружба, но не е дозволено собирање голем број луѓе бидејќи одредбата од пет лица е сè уште во сила“, рече Чапак за дневникот на телецизијата РТЛ.

Според агенцијата Хина, од граѓаните се очекува да се придржуваат кон сите мерки пропишани од властите бидејќи досега покажале свесност и одговорност поради што е постигнат успех во борбата со вирусот.

„Добрата епидемиолошка состојба, големите резерви во системот на здравствената заштита… тоа ни дава можност да ги ублажиме карантинските мерки воведени пред повеќе од еден месец. Се одлучивме ова да го правиме етапно, а од утре почнува првата фаза“, истакна во неделата Цапак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот