Хрватите ќе играат за Перишиќ, Шпанците за враќање во самодовербата

epa/efe

Денеска ќе се играат два осминафинални натпревари на Евро 2020, Шпанија – Хрватска и Франција – Швајцарија.

Актуелниот светски вицешампион Хрватска на дуелот со Шпанците ќе игра без еден од своите најдобри играчи, додека „црвената фурија“ на последните три големи натпреварувања не го поминала осминафиналето.

Шпанците пред десетина години доминираа во фудбалот, тие беа првата репрезентација која победила на три големи натпреварувања по ред (ЕП 2008 и 2012 и СП 2010).
Но, оттогаш „фуријата“ е во слободен пад, на СП 2014 го освои дури 23 место, а на ЕП 2016 и СП 2018 година настапите ги заврши во осминафиналето и сега на Евро 2020 сака да ја прескокне оваа бариера иако не воодушеви со игрите во групната фаза, а на тој пат и стои Хрватска.

Но, и Хрватска не блескаше во својата група, осминафиналето го обезбеди во последното коло со победата над Шкотска, а го загуби Иван Перишиќ кој е позитивен на коронавирус.
– Иван беше еден од нашите најдобри фудбалери во групната фаза, даде два гола и намести еден. Ќе биде тешко да го замениме, но имаме неколку играчи кои можат да играат на таа позиција – вели селекторот на Хрватска Златко Далиќ.

Селекторот на Шпанија очекува главната битка ќе се води на средината на теренот каде и двете репрезентации се најсилни.
– За екипи какви што сме ние, центарот на теренот е многу важен. Без доминација на средина на теренот, тоа не сме ние. Но, исто е и со Хрватска и затоа не чека голема борба за контрола на средината. Се знаеме многу добро со нив – вели Луис Енрике.

Во вториот натпревар (21 часот) актуелниот светски шампион Франција игра против Швајцарија.
Франција сè уште е главен фаворит за освојување на титулата, но игрите во групната фаза, победа над Германија и реми со Португалија и Унгарија не го оправдаа тој епитет и затоа вечерва ќе имаат вистински тест против Швајцарија. Повратникот во репрезентацијата Карим Бензема игра одлично на ЕП како и Пол Погба додека навивачите со нетрпение го очекуваат првиот гол на Мбапе на Евро 2020.
– Не смееме да ја потцениме Швајцарија, играме во нокаут фазата каде во еден натпревар се е можно да се случи. Мораме да направиме се за насмеани да го напуштиме теренот – вели селекторот на Франција, Дидие Дешан.

Од друга страна, Швајцарија во осминафиналето се пласира како една од четирите најдобри третопласирани селекции и растеретено влегуваат во вечерашниот натпревар.
– Сите ја гледаат Франција како победник. Ние мора да останеме сконцентрирани и да се обидеме да создадеме шанси. Нема да ги имаме многу но се надем дека тие што ќе ги имамеќе ги искористиме – смета левиот бек на Швајцарија, Рикардо Родригез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот