Хрватите ја симулираа жрепката, Македонија би била во тешка група на патот кон ЕП 2024

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонија не успеа преку Лигата на нации да обезбеди плеј-оф за пласман на Европското првенство 2024, а втората шанса за учество на континенталниот собир ќе ја има преку главните квалификации.

Сега со нетрпение се чека жрепката која ќе се одржи на 9 октомври во Франкфурт (Германија) со почеток од 12.00 часот.

Хрватите, кои имаа одличен настап во Лигата „А“ и обезбедија настап на завршниот турнир, ја симулираа жрепката и извлекоа група во која не би имале поголеми проблеми со Шкотска, Албанија, Косово и Малта.

Македонија во оваа симулација се најдоа во тешката и незгодна група „Ј“ со , Португалија, Франција, Украина, Северна Ирска и Сан Марино.

Потсетување дека нашата А репрезентација ќе биде во четвртиот шешир. Повеќе прочитајте ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот