Хрватите изненадени од бројот на новозаболени: Се случи „бум“ во ноќните клубови

Ковид Загреб/ Фото EPA-EFE/ANTONIO BAT

Шефот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цапак изјави денеска дека во кризниот штаб знаеле дека бројот на новозаразени од коронавирус ќе биде голем, ама не очекувале до толку.

Цапак тоа го изјавил за ХРТ по вестите дека вчера во Хрватска има 180 лица новозаболени, што е најмногу од почетокот на епидемијата на Ковид-19.

„До 50 нови случаи е добро, бидејќи нашата бројка е под 15 на 100.000 во 14 дена, а повеќето земји ја земаат таа бројка за евалуација. Меѓутоа, сега се случи што се случи. Ги дозволивме сите активности, имаме околу 900.000 туристи. Знаевме дека бројката ќе е голема, но не баш толку“, изјавил тој.

Цапак рекол дека во таква ситуација мора нешто да се преземе, како и дека требало порано да се преземе и додал дека трендот во Хрватска би бил во опаѓање, да не се случело „бум“ во ноќните клубови.

„Коронавирусот многу лесно се пренесува. Секогаш треба да се внимава и постојано да се држат – хигиена, дистанца и да се носи маска“, апелира шефот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цапак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот