Хрватите и Босанците ја остварија целта, Србија со важна победа кон ЕП

Фото: twitter.com/KSSrbije

Репрезентацијата на Србија вечерва ја совлада Финска со 75:66 во рамките од четвртото коло во квалификациите за пласман на наредното Европско првенство во 2022 година.

Најефикасен во победничките редови беше Данило Анѓушиќ со 19 поени, два помалку запиша Алекса Аврамовиќ.На спротивната страна кај Финците најдобар стрелец беше Едон Махуни со 15 поени.

Во рамките од групата „Е“ моментно првопласирана е Грузија со максимални четири победи, второпласирани се Србите со учинок 2-2, а Швајцарија и Финска имаат по еден триумф и три порази.

На ЕП покрај Грузија, која е еден од домаќините, од оваа група ќе се квалификуваат уште две репрезентации.

Покрај Грузијците, домаќини се уште Чешка, Германија и Италија, а до сега преку квалификациите на континенталниот собир се пласираа Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина, Израел, Словенија и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот