
Хрватите го одржаа зборот, започна бојкотот, продавниците, главно се празни
Во Хрватска почна бојкотот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од Фејсбук групата „Ало, инспекторе“, која е поддржана од Европската Центар за извонредност на потрошувачите. Бојкотот е поддржан и од здруженијата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, па дури и од самиот министер за економија, објави „СЕЕ.биз.еу“. Оваа иницијатива започна со пораки кои беа споделени на социјалните мрежи во изминатите неколку дена.
Препорачано
„На 24 јануари ќе има бојкот против високите цени на храната. Луѓето се повикани да не купуваат ништо тој ден. Однесувајте се како тој ден да е недела“, се вели меѓу другото во пораките.
Репортерката на „Индекс“ влегла во „Лидл“ на централната загрепска улица Илица, каде наишла на само неколку луѓе, што не е вообичаено за петок наутро. Празен бил и „Шпар“ во загрепската населба Чрномерец. Само неколку луѓе дошле да вратат пластичните шишиња. Инспекторот Јосип Келемен, советник на здружението на потрошувачи „Хало“, утрово даде изјава за ХРТ во врска со бојкотот на продавниците.
„Потрошувачите за прв пат во историјата на Република Хрватска се организираа и сакаат да покажат што мислат за поскапувањата и инфлацијата. За прв пат испраќаат силна порака и сакаат нивниот глас да се слушне “ изјави Келемен.
„Додека доаѓав видов претежно празни дуќани, веројатно затоа што е рано наутро. Денеска бојкотираме се што можеме, да пробаме каде што можеме, бојкотираме продавници, пекари, бензински пумпи… Покажавме дека Хрватска може да се обедини околу една тема, околу еден проблем. Потрошувачите рекоа дека им е доста од растот на цените, инфлацијата. За почеток мора да се активираат агенциите, министерствата, јавните власти кои мора да анализираат што доведе до ненормални поскапувања што ги гледаме секојдневно. „Луѓето станаа арогантни и сакаат да заработат пари од грб на секој наш потрошувач, а ако не заработат, тогаш ќе создадат недостиг. Тоа е грубо и подмолно. „Хрватите немаат навика да бојкотираат, штрајкуваат и да го изразуваат своето незадоволство“, рече меѓудругото Келемен.
Репортерите на „Индекс.хр“ рано наутро ги посетиле и пекарниците, но и пред нив немало купувачи. Во маркетот на Конзум, освен вработените продавачки немало други луѓе. Неколку луѓе дошле до влезот, се свртеле и си заминале. Празен бил и паркингот. Економскиот аналитичар Дамир Новотни на почетокот на неделата за Хина изјави дека ниту организираните потрошувачи ниту владата не можат да влијаат на трендот на инфлација.
„Потрошувачите можеби ќе можат да се организираат еден ден и да ги бојкотираат трговците на мало. Меѓутоа, во пазарно ориентирани економии, потрошувачките колективни акции немаа влијание врз инфлацијата, така што нема да има ефект од најавениот бојкот на хрватските потрошувачи, ако воопшто биде масовен“, смета Новотни.
Како се одвивала оваа граѓанска иницијатива ќе покажат податоците на Даночната управа за фискализирани сметки. Инаку, во Хрватска потрошувачките цени мерени со ХИЦП во декември минатата година пораснаа за 4,5 отсто во однос на истиот месец во 2023 година, што е нивен најсилен раст од мај. Така, Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, зад Романија (5,5 отсто) и Унгарија (4,8 отсто). Годишната стапка на инфлација во ЕУ во декември минатата година изнесуваше 2,7 отсто, а во еврозоната 2,4 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Во Министерството за економија во тек се договори за проширување на списокот на производи со ограничување, што владата го објави минатата недела, а на средбите министерот Шушњар им изрази поддршка на граѓаните и потрошувачите кои започнуваат еднодневен бојкот на купувањето за да ја покажат својата сила. Пратеникот Никола Мажар од ХДЗ истакна дека „тој ќе продолжи да бара од сите засегнати страни да бидат одговорни.
„Но, ние ги почитуваме граѓаните, почитуваме дека нема да пазарат во петок. Секако, се приклучуваме и ние, рече тој.
И опозицијата го поддржа бојкот во Хрватска.