Хрватите го избраа најдобриот кошаркар во историјата

Легендарниот Дражен Петровиќ е избран во анкетата на „Спортске новости“ за најдобар хрватски кошаркар во историјата.

Легендарниот Петровиќ во мртвата трка со Тони Кукоч на крајот излезе како победник и тоа за само еден глас.

Стручното жири го сочинуваа хрватските кошаркарски авторитети Јасмин Репеша, Петар Сканси, Невен Спахија, Мирко Новосел, Невен Бертичевиќ, Јосип Пино Ѓерѓа, Славко Трниниќ, Жељко Павличевиќ и Велимир Перасовиќ.
Секој од нив избираше петорица најдобри и им доделуваше бодови од еден до пет.

Стручното жири му додели на Дражен Петровиќ, кој на 7. јуни 1994 година го загуби животот во сообраќајна несреќа, 34 бодови, додека Тони Кукоч остана покус за само еден бод. По нив следеа Крешимир Ќосиќ (26), Дино Раѓа (16), Бојан Богдановиќ (8), Јосип Пино Ѓерѓа (5), Миховил Накиќ (3), Петар Сканси, Стојко Вранковиќ (2) и Дамир Шолман (1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот