ХРВАТ ВОЗЕЛ СО 2,8 ПРОМИЛИ, ПА КАЗНЕТ СО 10.256 ЕВРА! Пијан удрил во паркиран автомобил, минал низ црвено, па потоа застанал

Еден возач во Осиек казнет е со 10.256 евра и забрана за возење кола од две години откако во алкохолизирана состојба предизвикал судар во тој хрватски град, а потоа одбил да застане и минал низ црвено светло на семафорот.

Покрај тоа тој возел иако дозволата привремено му била одземена.

Полицијата во Осиек во средата соопшти дека го уапсила 52-годишникот, кој со неприлагодена брзина со 2,8 промили алкохол во крвта, во вторникот околу 20.45 часот удрил во паркиран автомобил и продолжил да вози, и покрај сигналите од полицијата да запре.

На раскрсницата минал низ црвено светло на семафор и дури подоцна застанал.

Во полицијата наведоа дека за овие сообраќајни прекршоци предвидена е парична казна од 10.256 евра и забрана за возење од две години, како и 24 негативни прекршочни бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот