Хрват купил трактор од Германија, за да заштеди возел 700 километри до дома

Богдан Заклан – Чачи (23) купил трактор во Германија, но кога дознал дека транспортот на тракторот до Хрватска би чинел 1.500 евра, а за него платил 600 евра, одлучил самиот да се превезе до својата земја.

Освен заштедата на пари, поттик на Богдан му била кладбата со негов пријател по вечера. Овој студент по економија и сопственик на селски имот во Крбавица, вели дека неговата одлука се чуделе сите. Во два дена на тракторот поминал 21 час. Поминал околу 700 километри со максимална брзина од 47км/ч.

-Тргнав во среда и возев цел ден. Застанував само на бензиска пумпа. Имаше делови на кои возев само со 20км/ч. Зад мене се создаваа колони, но не допуштив да бидат повеќе од 10 возила. Луѓето ме поддржуваа, ми мафтаа, свиреа, а имаше и по некој нервозен возач, вели тој.

Полицијата не реагирала се до моментот кога направил прекршок. Во Австрија влегол во тунел кој бил наменет само за обични автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот