Хртватска презема обврска да издвојува два отсто од БДП за одбрана

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ денеска изјави дека Загреб подготвил план за издвојување на средства за НАТО, како што претходно беше побарано од Хрватска.

Кон крајот на октомври во Брисел, Хрватска и одредени други земји-членки на Алијансата добија речиси ултиматум од САД и НАТО за шест недели да состават конкретен план за издвојување на два отсто од бруто домашниот производ за одбраната.

На Самитот на НАТО што утре и на 4 декември се одржува во Лондон ќе присуствуваат премиерот Андреј Пленковиќ и Крстичевиќ, при што ќе преземат јавна обврска дека Хрватска за пет години односно до 2024 година ќе достигне да издвојува два отсто од БДП за одбрана.

Хрватска сега издвојува околу 1,68 отсто од БДП за одбрана, при што се вклучени и воените пензии на ветераните.

Хрватскиот весник „Вечерњи лист” објави дека Хрватска троши помалку на опремување и модернизација односно набавка на нови вооружени системи и модернизација на постоечките.

– Хрватска е најлоша помеѓу 28 земји-членки на НАТО и се наоѓа на последното место за опрема и модернизација, наведува „Вечерњи лист”.

Во Европа најмногу троши Велика Британија – 61 милијарди долари, Германија околу 55, Франција околу 51, Италија – 25, Турција и Шпанија издвојуваат по 13, а Полска – 12 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот