Хроно појадок: Зучини тава

Кога сакате да внесете некоја промена во класичниот избор за појадок или сте на хроно режим овој рецепт е вистинскиот избор за вас. 

Потребни состојки:

– 2-3 домати
– 2 тиквици
– 1 кромид
– 1 црвена пиперка
– оригано
– магдонос
– пола чешне лук
– сол
– црн пипер
– масло


Исецкајте ги тиквичките на кругови, а би било поубаво да се малку поголеми тиквици за да може да се формира убав круг. Наредете ги на плех, попрскајте ги со масло и зачинете по желба. Тепсијата ставете ја во веќе загреана рерна, на отприлика 180 степени и оставате ги да се запечат многу кратко (околу 5 минути).


Исецкајте ги црвената пиперка, доматите и кромидот. Најпрво кромидот и лукот ставете ги на жешко масло но, не на превисок оган, додека не добијат златна боја, а потоа додадете ги црвената пиперка и доматите. Зачинете по желба.

На веќе запечените тиквички, ставете по една лажица од смесата со домати, кромид и црвена пиперка. Во смесата можете да додадете и ситни парчиња пилешка шунка, рукола и неколку оревчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот