Возило на ЈП Македонски железници се забило во одронот од карпи кај...

Возило на ЈП Македонски железници се забило во одронот од карпи кај Велес

133
SHARE
Фото: Дума

Само неколку минути откако се одрониле огромни карпи кои тежат и по неколку тони, на патот и на железничката пруга Скопје – Гевгелија, на јужниот излез на Велес под месноста Долни Дукани, во нив се забило возило за отстранување на дефекти на ЈП Македонски железници – известува регионалниот портал Дума.мк.

Возилото го управувал машиновозачот Симон Малинов, а со него биле присутни и двајца колеги.

-Кратко беше растојанието кога го видовме после благава кривина на железничката пруга. Јас го управував железничкото возило и прво што направив веднаш почнав да кочам. Панично им викав на колегите да се држат колку што можат, но ударот во карпите на линијата не можев да го избегнам. Еден од колегите не успеа да се задржи доволно и со главата удри во внатрешноста на возилото. Веднаш по ударот сите му помогнавме на повредениот колега и од страв да не се откине ново парче карпа успеавме да се искачиме на брегот од страната на река Вардар и да се оддалечиме што е можно подалеку од карпите над пругата и над патот – изјавил потресениот човек за Дума.

Според него, дури подоцна го забележале полицаецот кој на мостот на реката Тополка стоел и им мафтал со рацете и се обидувал да сигнализира да запрат.

Екипи на Македонија пат моментално се на терен. Нема информација колку долго ќе трае расчистувањето на одронот, кој за среќа не бил фатален за минувачите.

Фото: Дума.мк

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY