Тортевски за пресудата за Талеска: Со обвинението за затајување на данок, се...

Тортевски за пресудата за Талеска: Со обвинението за затајување на данок, се легализираат криминално стекнатите пари

4048
SHARE

Адвокатот Александар Тортевски, коментирајќи ја пресудата во случајот „Тифани“ каде што новинарката Ивона Талеска доби условна казна затвор, вели дека уште како советник на СЈО имал поинаков став од обвинителството за какво дело се работи во овој случај.

– Имало вакви пресуди и во минатотото но за мене тука е проблематичен приходот, дали е легален или не. Потоа, ако е легален приходот морала таа да дојде со уплатница дека го платила данокот, дека ги платила обврските на фирмата па потоа да се добие условна казна. Ова е вообичаена и коретна пракса – вели Тортевски.

Тој додава дека за ваков случај не треба да се гони за затајување на данок туку за сомнително потекло на приходи, а со вакво обвинение се легализират криминално стекнатите пари.

– Однесувањето на Ивона Талеска по извршувањето на кривичното дело, не дава можност за условна казна бидејќи таа беше во Собранието на 27-ми април минатата година. Судот во една од околностите што ги цени за изрекување на санкција е однесување на сторителот по извршеното кривично дело – вели Тортевски.

За крај адвокатот вели дека овде станува збор за двојно ублажување на казната.

– Еднаш се ублажува казната од четири на две години па потоа двете години се ублажуваат со условна затворска казна, но сепак имало ваква пракса и во минатото – завршува Тортевски.

Стефан Атанасов

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY