Ограбен маркет „Стокомак“ од страна на три лица

254
Фото Лого Македонска полиција

На 20.09.2017 година во 21,55 часот во СВР-Скопје било пријавено дека околу 21,45 часот на ул. „Јани Лукровски“ во продавница на „Стокомак“ било извршено разбојништво од страна на три непознати маскирани лица кои со физичка сила ја отвориле железната решетка и влегле во продавницата, каде што биле вработените кои го пребројувале дневниот промет.

Сторителите со закана со огнено оружје им одзеле околу 30.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата како и целосно расчистување на случајот.