Kатица Јанева: Отворени се 130 предистраги, меѓу кои и за Никола Младенов и за А1

1377
Фото: Борче Поповски

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното интервју на телевизија 24 рече дека СЈО има отворено 130 предистражни постапки, меѓу кои и за загинувањето на Никола Младенов и за телевизија А1.

-Предметот за телевизијата А1 е во предистражна постапка. Судењето беше обемно, мора се да се изанализира. Ќе има јавно обраќање кога ќе се исдискутира. Има разговори за А1, воспоставена е надлежност и ние го работиме предметот. Имаме преистражна постапка за Никола Младенов. Го работи тим од истражители. Повеќе информации не можам да откријам – рече Јанева.