Хроничниот стрес го троши телото и влијае на имунитетот

стрес
Фото: Pexels/ Luis Villasmil

Долгогодишните истражувања за стресот покажааа дека тој има големо влијание врз телото, од меморијата до начинот на кој телото складира масти. Научниците исто така утврдија дека предизвикувa структурни промени во мозокот.

„Хроничниот стрес го троши телото“, вели Кетрин Фримен Андерсон, професорка по социологија на Универзитетот во Хјустон.

Долготрајниот стрес го ослабува имунолошкиот систем. Во 1991 година, научниците кои ја проучувале врската помеѓу психолошкиот стрес и имунолошкиот одговор намерно изложиле 394 здрави учесници на еден од петте респираторни вируси. Испитаниците потоа биле ставени во карантин и следени. Дури и по следењето на факторите како што се возраста, полот, образованието, тежината и претходниот статус на антитела, истражувачите откриле дека основните нивоа на стрес кај една личност се поврзани со зголемен ризик од болести. Оттогаш, десетици студии покажаа дека хроничниот стрес го зголемува ризикот не само од настинки, туку и од развој на состојби како што се астма и Алцхајмерова болест.

Хроничниот стрес исто така може да ги направи вакцините помалку ефикасни стои во студијата која го проучувала ефектот на вакцината против грип.

Кавита Ведхара, професорка по здравствена психологија на Универзитетот во Нотингем, која спроведувала студија за ковид-19 и стресот, смислила експеримент во кој биле вклучени 138 постари возрасни лица за да утврди дали позитивното расположение може да има некаков заштитен ефект.

Eкспериментот на Ведара открил дека психолошките влијанија, вклучувајќи го стресот и расположението, влијаат на одговорот на антителата на учесниците.

Стресот, исто така, влијае на концентрацијата на многу хормони, вклучувајќи го и кортизолот. За време на реакцијата „бори се или бегај“, мозокот активира мрежа која ги вклучува хипофизата и надбубрежните жлезди. Овие жлезди ослободуваат кортизол и други хормони кои го одржуваат телото на готовност. Но, кортизолот игра и друга изненадувачка улога во имунолошкиот систем. Повеќето имунолошки клетки имаат и рецептор за него.

„Ова значи дека постои директен механизам со кој кортизолот може да ги регулира имуните клетки и нашиот имунолошки систем“, вели Ведхара.

Сè уште не се знае колку намалувањето на стресот може да помогне да се заштитиме од вируси, но можеби има мерки кои може да се користат за намалување на целокупната анксиозност. Но, со менување на личното однесување, не може да се бориме против структурните извори на стрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот