ХРОНИЧНА НЕСОНИЦА: Ако ја имате, тогаш здравјето ви е сериозно загрозено

несоница
Фото: Профимедиа

Луѓето кои страдаат од хронична несоница, позната и како инсомнија, имаат многу поголеми шанси да заболат од кардиоваскуларни заболувања.

Во една нова студија е откриено дека лицата со генетска предиспозиција за инсомнија се изложени и на поголем ризик од застој на срцевата работа, инфаркт или затнување на крвните садови.

Постојат и постари студии кои покажале одредена поврзаност на двете состојби, но со најновата, направена на Универзитетот во Кембриџ, е покажано дека несоницата може да биде причина за зголемениот ризик. Клучниот фактор е генетиката, што значи поизложени се оние кои имаат наследен фактор за инсомнија.

Ако пак, генетските предиспозиции велат дека личноста може да развие хронична несоница подоцна во животот, многу лекари сметаат дека може да се најде превентива и да се намали ризикот од срцеви заболувања.

Но, ова не ја прави помалку опасна несоницата која е последица на стресот и на динамичниот начин на живот. Доброто во овој случај е што ваквата состојба е минлива за неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот