Христовска: „Свирете ја зајди зајди“ од Драган Вучиќ ме натера да продолжам да се занимавам со музика (ВИДЕО)

Се надевам дека еден ден ќе се вратам и на музичката и на театарската сцена. Веќе отсуствувам од театарот 13 години, а малку повеќе и од музичката сцена. Тоа го направив поради мајчинството, но еве сега ќерка ми е порасната, така што мислам дека сега можам да се вратам, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ актерката и пејачка, Олгица Христовска.

Околу другарството и соработката со починатиот Драган Вучиќ, Христова вели дека со Вучиќ се запознала само што завршила средно школо, на фамилијарна забава и така соработката започнала.

-Така се случи јас да ја пејам „Свирете ја зајди зајди“ на Макфест 1992. Песната стана евергрин, тоа и ме натера да продолжам да се занимавам со музика. Вучиќ остави огромен белег на музичката сцена во Македонија. Можеби немавме некое големо приватно дружење, но една огромна почит имаше помеѓу нашите две семејства, изјави за Христовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот