Христоски: Дали Рашела Мизрахи со приврзаниците синоќа дивееле во Крушево?!

Тој додава дека во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот.

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски прашува дали Рашела Мизрахи со нејзините приврзаници, дел од коњаницата синоќа во Крушево дивееле и стварале немир врз мирољубивото население во овој град.

,,И покрај тоа што им беше укажано да останат во своето престојувалиште на ,,Гумења” моите информации говорат дека после повеќе нарушувања на ЈРМ со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите, реагирала полицијата за што се преземени соодветни мерки против сторителите. Зарем на овој начин со сквернавење на празникот ги почитувате нашите илинденци и дали на ваков начин им се оддолжувате за нивната борба за слобода? Дали ќе се оградите и ќе ги демантирате или барем осудите ваквите наводи? И покрај неколку мои укажувања, предупредувања, повици, сакам уште еднаш да ги повикам граѓаните, особено коњаницата на мирно и достоинствено чествување на празникот ,,Илинден”, повика градоначалникот.

Тој додава дека во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот.
,,Крушево е град музеј, со богата историја, култура, традиција, не смееме да дозволиме поединци да предизвикуваат и ставаат црни дамки и лоши впечатоци кон оние гости кои не посетуваат во огромен број секоја година”  потенцира Христоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот