Христијанските пратеници најавија напуштање на либанскиот Парламент

Либанската опозициска христијанска партија Катаеб, која се бори против владата на Либан, поддржана од проирански Хезболах, денеска најави дека нејзините тројца пратеници го напуштаат либанскиот Парламент.

По денешната најава на лидерот на оваа партија, Сами Гемаел, бројот на пратеници кои имаат намера да го напуштат Парламентот заради катастрофалната експлозија во Бејрут се зголеми на петмина.

Гамаел го најави напуштањето на Парламентот, говорејќи на погребот на истакнат член на Христијанската партија, кој загина во експлозијата.

– Членовите на Катаеб одлучија да започнат конфронтација за слободен, суверен и независен Либан и затоа ги повикувам пратениците, почитуваните законодавци, да си дадат оставка од парламентарните функции за народот да може да одлучи кој ќе ја преземе власта, без притисок и наметнување од страна, рече Гамаел.

По изборите во 2018 година, повеќето од 128-те места во либанскиот Парламент се контролирани од вооружената група Хезболах и нејзините сојузници, која Катаеб ја обвинува за правење држава во држава, слабеење на институциите и нивна дисфункционалност. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот