Христијан Мицкоски се сретна со премиерот на Словенија, Јанез Јанша

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот г. Александар Николоски, во рамките на својата регионална дипломатска иницијатива, оствари средба со премиерот на Република Словенија, г. Јанез Јанша.

На оваа средба, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со вето од Бугарија на патот кон Европската Унија, но и покрај оваа препрека, како акутен проблем останува недостатокот на борба против криминалот и исклучителното високо ниво корупција што прави државата да тоне на сите скали и рангирања коишто го мерат квалитетот на живот.

Тој на средбата размени искуства поврзани со економијата, при што Мицкоски напомена дека рецесијата во која се наоѓа македонската економија резултираше со раст на невработеноста, додека пакетите помош за економиката не ги дадоа потребните резултати бидејќи тие, освен за гола промоција, беа наменети за приземен поткуп без ефект и помош за стопанството.

– Економијата е девастирана што е директна последица на неспособноста на владата, граѓаните немаат време за чекање, истакна Мицкоски.

Мицкоски со Јанша зборуваше и за здравствената криза како сериозна закана за сите земји во светот како и механизмите за нејзино надминување.

– Словенија има сериозен план за вакцинирање на населението од дури 70 отсто до почеток на летото, би сакал и македонската влада да ги следи ваквите позитивни примери, истакна Мицкоски.

Тој на средбата побара поддршка од словенечкиот премиер на патот кон Европската Унија, особно бидејќи Словенија е државата која е идниот претседавач со Унијата. Премиерот Јанша изрази поддршка на Македонија и нејзините евроинтеграции, како и поддршка за дополнително развивање на сестринските односи со ВМРО-ДПМНЕ како дел од семејството на Европската Народна партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот