Храната во април поскапа, трошоците за живот пониски

потрошувачка кошничка
Синдикална кошница / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Минатиот месец македонците поскапо плаќале за зеленчук и овошје, горивата и облеката се купувале по пониска цена, соопшти ДЗС.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на претходниот месец бележат раст од 0,1 отсто, а во однос на истиот месец претходната година бележи намалување од 0,1 отсто. Кај цените на мало забележано е намалување од 0,5 отсто во однос на март годинава, а во однос на април лани пад од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 9,1 отсто, свежото и разладеното овошје за 9 отсто, рибата и морските плодови за 1,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,9 отсто, јајцата, прехранбените производи неспоменати на друго место, виното за 0,8 отсто, пивото за 0,6 отсто, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0,5 отсто, лебот и житата за 0,4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0,3 отсто и јогуртот за 0,2 отсто.

Во април 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата за 2,6 отсто, обувките за 1,8 отсто, резервните делови и приборот за сопствени превозни средства за 1,1отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи за 0,4 отсто и снабдувањето со вода за 0,3 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 20,3 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17 отсто, гасот за домаќинствата за 7 отсто, информатичката опрема за обработка на податоци за 3,3 отсто, моторните возила за 1,4 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,2 отсто, облеката, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,5 отсто, фармацевтските производи, електричните апарати за лична хигиена за 0,4 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот