Храна со моќни афродизијачки квалитети, овие намирници ги зголемуваат страсните желби!

Еве ги најмноќните пет намирници кои треба да ги додадете во вашиот дневен режим на исхрана, доколку сакате да го зголемите либидото.

Познато е дека одреден тип на храна се употребува за различни медицински цели, за лекување на одредени болести, за да го намали ризикот од рак, за да го подобри расположението, но и за да го зајакне либидото.

Еве ги најмноќните пет намирници кои треба да ги додадете во вашиот дневен режим на исхрана, доколку сакате да го зголемите либидото.

Ванила

Достапна во различни форми, ванилата е позната по своите моќни афродизијачки квалитети. Без разлика дали ја јадете или мирисате, сигурно ќе го зголеми вашето либидо. Дури и лосион и шампон од ванила делуваат позитивно на либидото.

Боровинки

Освен што се одлични антиоксиданти, боровинките поседуваат неверојатни својства за зголемување на либидото. Боровинките помагаат да се обезбеди здрав проток на крвта, што е добро за либидото. Додадете ги во појадокот или во ручекот, свежи или замрзнати, за да имате пострасна вечер.

Чили

Чили пиперките, освен што се одлични во борбата против стресот, го стимулираат мозокот да произведува ендорфин, кој ви помага да се опуштите. Ако сакате да го зачините вашиот љубовен живот, размислете за додавање на чили во вечерата.

Јајца

Иако не е препорачливо да јадете јајца во вечерните часови, може да ги додадете во вашиот појадок или ручек. Не само што јајцата се одличен извор на протеини, туку исто така содржат витамин Б5 и витамин Б6, за кои е познато дека ги балансираат половите хормони, помагаат да се релаксирате и да го остраните стресот и анксиозноста.

Темно чоколадо

Темното чоколадо е секаде кадешто има љубов- особено на Денот на вљубените – и со добра причина. Се поврзува со романтиката бидејќи е богато со серотонин, хормон задолжен за чувството на среќа. Темното чоколадо, исто така, помага и да се намали стресот и произведува состојки слични на оние ослободени за време на сексот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот