Храна што спречува појава на рак на дојката

Фото: Профимедиа

Помеѓу плодовите што се наведени дека помагаат во намалувањето на ризикот од појава на рак на дојката се брокулата, оревите, гравот, цвеклото и лукот.

Ракот на дојка е еден од главните причинители за смртност кај жените, насекаде во светот. Навременото дијагностицирање на оваа болест, може да го спаси животот на жената.
Сепак, добрата вест според нутриционистите и лекарите е фактот што секоја жена, со помош на исхраната, но и со редовни прегледи, може да ја превенира појавата на оваа болест или во најмала рака да спречи влошување на здравствената состојба.

Помеѓу плодовите што се наведени дека помагаат во намалувањето на ризикот од појава на рак на дојката се брокулата, оревите, гравот, цвеклото и лукот.

Брокула
Многубројните истражувања направени досега околу влијанието на одредени намирници за зачувувањето на здравјето на човекот, покажале дека растенијата какви што се карфиолот и зелката, можат да се решат голем број здравствени проблеми. Сепак, според лековитите својства што ги поседува оваа група плодови, во својата лековитост предничи брокулата. Брокулата во својот состав содржи големи количества сулфорафан. Сулфорафанот е моќно соединение, кое многу помага во борбата против ова заболување.

Ореви
Оревите се исклучително ефикасни во борбата против појавата на ракот на дојка. Фитостеролот содржан во нив помага во блокирање на естрогенските рецептори во ќелиите на ракот на дојката. Затоа, со само 100 грама ореви во текот на едно деноноќие, ќе помогнете во спречувањето на појава на рак на дојките, а оние што се борат со оваа болест, со јадењето на овие плодови многу ќе си помогнат себеси, со тоа што ќе спречат понатамошно ширење, се разбира како дополнување на редовната медицинска терапија.

Грав
Многу ефикасни во борбата со оваа болест се и мешункастите плодови. Од нив најмногу се издвојува гравот. Токму затоа, препорачливо е да го јадете најмалку двапати неделно. Гравот е исклучително здрав, бидејќи во својот состав содржи бетацијанин, кој важи за моќен борец за поздрав организам, а истовремено го спречува и растот на канцерот.

Цвекло
Цвеклото е плод што можете да го јадете постојано. Може да го јадете во солена, но и во блага варијанта, а и како цеден сок. Цвеклото има антиканцерогено дејство и изобилува со калциум и витамините Ц, А како и Б.

Лук
Фитохемикалиите што се наоѓаат во составот на лукот, имаат моќ да го спречат формирањето на канцерот. Затоа, важно е секоја жена да јаде лук. Како дополнителна придобивка кај секој човек што редовно јаде лук е што значително ќе помогне во зајакнувањето на имунитетот, во чистењето на крвните садови од наталожените маснотии, како и на целиот организам од наталожените токсини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот