Храна што не е препорачлива за појадок

Познатата изрека за тоа дека појадокот е најважен оброк во денот, малку е нецелосна, бидејќи консумирањето каква било храна за утрински оброк, нема секогаш да ви обезбеди доволно енергија во текот на денот.

Идеалниот појадок треба да содржи јаглехидрати од цели житарки, протеини од свежо овошје или зеленчук. Еден од таквите оброци е, на пример, чинија зобена каша со боровники и сечкани јаткасти плодови. Честопати, за жал, ваквиот оброк го заменуваме со готови јадења, кои се преполни со шеќери и не содржат доволно хранливи материи.

Купено смути

Ако вашето утринско смути доаѓа во шишенце со етикета, најверојатно консумирате дополнителен шеќер што не ви е потребен. Таквото смути најчесто содржи многу овошје и вештачки засладувачи, поради што е полно со шеќери. Наместо тоа, сами подгответе смути со здрави протеини како јогурт и несолена урда, додајте малку зеленчук и имате утринска доза здрави нутриенти.

Прочитајте и...  Меланија Трамп за првпат се појави во јавноста по битката со коронавирусот и ги воодушеви присутните со елегантниот стајлинг! (ФОТО)

Месни производи

Сланината третирајте ја како повремен утрински деликатес и секако избегнувајте ја нејзината секојдневна консумација. Месните производи како сланина, чадена шунка и колбаси содржат големи количини натриум што го стимулира вашиот апетит, поради што најчесто ќе изедете повеќе отколку што планиравте. Исто така, овие производи содржат многу сол, што може да ви го покачи крвниот притисок и да ви предизвика главоболка.

Слатки житни снегулки

Внимавајте кога ги купувате житните снегулки што наводно содржат многу витамини и минерали, бидејќи можат да содржат висок процент шеќер. Слатките житни снегулки можат да ви се чинат како добар избор за појадок поради дополнителните витамини и минерали, плус ако ги комбинирате со млеко богато со калциум. Но, тие содржат многу малку растителни влакна, поради што главно ќе изедете поголема порција и така непотребно ќе консумирате дополнителен шеќер.

Прочитајте и...  Каков лажго сте вие? Хороскопот открива како лаже секој хороскопски знак!

Енергетски пијалаци

Тие едноставно не можат да бидат дел од балансиран појадок. Ако по будење се чувствувате изморено и без енергија, можеби ќе бидете во искушение да земете ваков пијалак, но тоа само ќе ги влоши нештата. Енергетските пијалаци се полни со шеќери и со кофеин, а по ненадејниот налет на енергија, брзо ќе дојде до нејзино нагло опаѓање. Наместо тоа изедете балансиран појадок по кој ќе се чувствувате многу подобро, а тоа ќе ви даде дополнителна енергија што долго ќе трае.

Обезмастен овошен јогурт

Многумина често го занемаруваат фактот дека купувањето јогурт со дополнително овошје исто така подразбира дополнителни шеќери. Ако сакате да го намалите внесување утрински калории, обезмастениот јогурт заменете го со густо кисело млеко, во кое ќе додадете малку бобинки од овошје, јаткасти плодови и семки. Ќе добиете здрав појадок полн со протеини, а со помал процент шеќер и натриум.

Прочитајте и...  Како Трамп и Бајден го поделија Холивуд

Крофни и колачи

Покрај тоа што нивната глазура е полна со шеќер, тие не содржат никакви протеини ниту хранливи материи. Колачи, мафини, печива и торти можат да ви го зголемат нивото на шеќер во крвта, потоа ќе дојде до негово нагло паѓање, а вие во текот на целиот ден ќе чувствувате потреба за благо.

Поврзани вести

35 + Нега за сите видови кожа: Двоен видлив ефект на подмладување  

Слободен печат

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет позираше гола за насловната на „Вог“: Ирина Шајк во „жешко“ издание! (ФОТО)

Слободен Печат

Меланија Трамп за првпат се појави во јавноста по битката со коронавирусот и ги воодушеви присутните со елегантниот стајлинг! (ФОТО)

Слободен Печат

Стручњаците открија на кои делови од телото најмногу и најмалку боли тетовирањето!

Слободен Печат

Зоран Костески – Шваца ни го открива Мариово, од памтивек неосвоена област

Ј.К.Д

Худини и Коперфилд во Куќата на славните: Тие го забавуваа светот со својата магија! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Остави Коментар