Храна што го забрзува стареењето

Постојат намирници што го поттикнуваат губење на колагенот од телото и негативно влијаат врз здравјето на кожата и поттикнуваат појава на брчки.

Здравиот начин на исхрана е клучот за одржување на здравјето на телото, како на внатрешните органи така и на кожата, која е првиот показател на тоа колку години имаме навистина.

Многупати досега било докажано дека присуството на колаген во телото многу влијае врз младешкиот изглед на кожата. Токму поттикнувањето на излачувањето на колагенот во телото, ќе ви помогне во одржувањето на здравиот младешки изглед.

Затоа, јадењето намирници што го поттикнуваат производството на колаген е исклучително важно. Како храна што го поттикнува излачувањето на колагенот е посочена морската храна, а најмногу лососот, потоа супата од коски, јајцата, чија семето, семките од тиква, зелениот зеленчук, зрнестото овошје, авокадото и доматите.

Од друга страна, пак, важно е да се знае и дека постојат намирници што го поттикнуваат губење на колагенот од телото и негативно влијаат врз здравјето на кожата и поттикнуваат појава на брчки.

1. Пржени компирчиња

Јадењето храна што се пржи подолго време, особено пржените компирчиња, поттикнува ослободување на слободните радикали и негативно влијае врз еластичноста на кожата. Затоа, јадењето пржени компирчиња заменете го со печен компир, бидејќи со овој начин на подготовка на храната, компирот ќе направи корист, а не штета врз целокупното здравје.

2. Бел леб

Храната со висок гликемиски индекс, како што е белиот леб, знае да биде причина за низа воспалителни процеси во организмот и директно влијае врз забрзување на процесот на стареење.
Затоа, наместо бел леб консумирајте црн, богат со житарки и со семиња.

3. Бел шеќер

Шеќерот му прави најголема штета на телото. Со редовно јадење благо, придонесувате кон намалување на производството на колаген во организмот. Како последица на тоа може да биде појавата на брчки по целото тело.

4. Маргарин

Многу истражувања на оваа тема покажале дека луѓето што јадат маргарин наместо путер, имаат многу повеќе брчки иако се на иста возраст. Маргаринот во својот состав содржат транс масти, кои негативно влијаат врз еластичноста на кожата.

5. Газирани напитоци и кафе

Сонот е природен еликсир за убавина. Но доколку редовно пиете газирани напитоци и кафе, токму врз сонот ќе има најголема штета, бидејќи содржат поголеми количества кофеин, кој важи за „убиец“ број еден на сонот.

Лошиот и немирен сон е „главниот виновник“ за забрзано стареење на кожата и појава на брчки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот