Храна што го прави лицето сјајно и блескаво, јадете од овие намирници

Фото Профимедиа

Она што го јадете влијае на вашето целокупно здравје, вклучувајќи го и здравјето на кожата. Па, доколку сакате да си го разубавите лицето ( а, кој не сака?!), треба што повеќе да јадете од овие намирници. 

Боровинки

Тие се богати со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали познати по предизвикувањето на многу болести и предвремено стареење. Освен тоа, го спречуваат оштетувањето на клетките на кожата, а се богати и со растителни влакна и витамини Ц и E.

Ореви

Тие се богати со Омега-3 масни киселини кои се одлични за кожата и косата. Косата ја прават сјајна, а кожата мазна.

Домати

Тие се богати со каротеноиди и хранливи материи кои  помагаат да се забави оштетувањето на клетките предизвикано од слободните радикали.

Калинки

Богати со антиоксиданси кои и  помагаат на кожата во производството на колаген со цел брзо закрепнување од надворешните влијанија.

Зелен чај

Тој е богат со антиоксиданси и помага да се ублажи штетата која е настаната од изложување на сонце. Содржи полифеноли кои  помагаат да се регенерираат клетките на кожата. Богат е со витамините Ц, Д и К, цинк, калциум, магнезиум и железо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот