Храна што ги засилува болките во грлото

Според нутриционистите и лекарите, храна што треба да ја избегнувате доколку имате настинка или грип, а притоа чувствувате болки во грлото, е жешката храна, киселата, солената, лутата како и тврдата храна.

Доколку подолг временски период ве мачат болки во грлото или имате болни крајници, овој ваш здравствен проблем можете да го решите со тоа што одредено време ќе избегнувате одредени типови храна.

Според нутриционистите и лекарите, храна што треба да ја избегнувате доколку имате настинка или грип, а притоа чувствувате болки во грлото, е жешката храна, киселата, солената, лутата како и тврдата храна.

Врела храна

Иако постојат одредени верувања, особено на нашите простори дека топлата или во исклучителни ситуации и врелата храна може да помогне во забрзано закрепнување како и забрзаното лекување на болките во грлото, сепак во сите случаи не е така. Имено, постои болка во грлото што навистина може да ви помогне доколку постојано пиете чај, но од друга страна пак постојат и здравствени состојби со кои врелата храна дополнително може да ја комплицира здравствената состојба.

Врелата храна може многу лесно да го оштети воспаленото ткиво на крајниците. Затоа, немојте да ризикувате и почекајте зготвената храна малку да се излади, а потоа јадете ја.

Кисела храна

Киселата храна важи за непријател број еден на болното грло. Доколку јадете редовно ваков вид храна, може дополнително да ги „испровоцира“ симптомите какви што се пецкање, гребење како и силна болка.

Затоа, избегнувајте да јадете овошје и да пиете овошни сокови што во својот состав содржат голема количина киселост, какви што се портокали, лимони и мандарини. Истото важи и за салатите и за одредени видови сирења.

Солена храна

Иако испирањето на болното грло со солена вода е стар рецепт што се користи од многу одамна и со кој во минатото луѓето најчесто се лекувале, сè уште важи за еден од најделотворните лекови направени на природен начин. Сепак, немојте да дозволувате тоа да ве залаже. Плакнењето на усната празнина и на грлото со солена вода, воопшто не е исто со јадење солена храна. Затоа, доколку ве боли грло, избегнувајте да јадете ваква храна и никако немојте да додавате сол во веќе подготвената храна.

Големото количество сол може да биде причина за „нагризување“ на ткивото на крајниците и грлото и дополнително да ги влоши симптомите на болки во грлото и да ја засили главоболката.

Лута храна

Иако во одредени случаи лутата храна може да помогне во одзатнувањето на синусите, таа нема да помогне доколку се неа се обидувате да ја намалите болката во грлото. Исто како и киселата храна, и лутата може да ги засили симптомите на болки во грлото.

Тврда храна

Воспаленото и болно грло е исклучително чувствително на цврста и „остра“ храна која кога ја голтаме може да направи крвавење на крајниците, а со тоа и да предизвикаме поголема штета. Затоа, додека сте болни, обидувајте се да избегнувате чипсови и тврд леб.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот