ХРАНА ШТО ГИ БРКА КОМАРЦИТЕ: Што да се јаде за да се избегне чешањето и црвенилото

Летото и комарците се вечна комбинација, а хемикалиите не се секогаш најдобра заштита. Наместо однадвор, делувајте на здодевните инсекти одвнатре.

Јаболков оцет

Јаполковиот оцет традиционално се користи како природен репелент. Како и другите намирници на списоков, го маскира нашиот природен мирис и им оневозможува на комарците да нè нападнат. Најдобро кај јаболковиот оцет е што не менува како им мирисаме на другите. Еднаш дневно земете една лажица јаболков оцет со мед.

Лимонска трева

Лимонската трева содржи природно етерично масло цитронел. Познато е дека може да се нанесе, односно да се намачка на кожата, но и внесувањето на лимонска трева е подеднакво ефективно. Оваа билка можете да ја користите во секое егзотично јадење и во густите супи.

Чили пиперчиња

Хемиското соединение капсацин е главна активна состојка на чили пиперчињата која им ја дава препознатливата лутина. Го загрева нашето тело и му дава мирис кој ги иритира комарците и така делува како природен репелент. Пиперчињата можеме да ги додадете во секое јадење, но внимавајте да не претерате во текот на летните месеци.

Лук

Лукот е најпозната намирница за природна заштита од комарци. Содржи алицин кој испарува низ порите кога го јадеме. Тој го маскира нашиот природен мирис и така нè прави имуни на инсектите. Најдобро функционира кога го јадеме сиров, а може да се стави во скоро секое јадење.

Која храна да ја избегнувате?

Експертите сè уште не се сигурни зошто пивото ги привлекува комарците, но дури и мала количина го прави нашето тело плодно за убоди. Истото важи и за солената храна која произведува млечна киселина и така ги привлекува комарците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот