Храна што не треба да ја греете откако еднаш е зготвена

Одредени видови храна се претвораат во чист отров ако ги подгревате откако еднаш се зготвени.

Некои смеете да ги јадете само ладни, а други пак, најдобро е воопшто да не ги јадете, туку да ги фрлите.

На пример, варениот ориз, поради скробот станува совршена подлога за развој на бактерии. Остатоците од ориз чувајте ги во фрижидер и јадете ги најдоцна истиот ден кога оризот е зготвен.

Во оваа категорија спаѓаат и варените компири, кои ако ги подгреете, ќе се претворат во пире без вкус, а ќе ослободат и токсични материи кои може да предизвикаат труење.

Без разлика како се подготвени, јајцата никако не смеат да се загреваат. Причина за тоа се протеините кои при повторно изложување на топлината ја менуваат структурата и стануваат тешко сварливи за нашиот дигестивен систем.

Пилешкото месо лесно може да се зарази со салмонела. Зготвеното пилешко чувајте го во фрижидер и изедете го истиот ден ладно. Не го загревајте, бидејќи лесно може да се претвори во отров.

Путерот, маслото и животинските масти имаат различна точка на разложување при топлина. Маслата и мастите за готвење користете ги само еднаш.

Печурките се лесно расипливи и ако не се изедат во текот на оброкот, подоцна може да се разложат на отровни материи, поради кои можете да завршите во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот