Храна која го „лади“ телото: 9 намирници кои ќе ви помогнат полесно да го преживеете „Луцифер“

Фото: Профимедиа

Во текот на летните месеци климатските услови се менуваат, па затоа е многу важно исхраната да се усогласи со високите температури. За жешките летни денови треба да избираме неколку намирници кои се сметаат за лесна храна и кои го „ладат“ нашето тело. Кога живата на термометарот ќе почне да покажува температура над 25 степени, многу експерти предлагаат „полесна храна“ за да може нашиот организам полесно да функционира.

Лесната храна е онаа која побрзо и полесно се вари, па со самото тоа овие намирници не се задржуваат долго во нашето тело и не ги оптоваруваат органите за варење. Тоа значи дека во исхраната треба да се вклучи многу сезонски зеленчук и овошје, а да се исклучи тешката храна која ни го „загрева“ телото. Најлесно и најбрзо се варат јаглехидратите и протеините, додека мастите најтешко и најбавно

Намирниците кои содржат висок процент на вода се одлични за топлите летни денови, бидејќи го хидрираат нашето тело. Тие се важни и за луѓето кои не пијат доволно течности.

Краставица

Иако е незаменлива храна во летните месеци, поради својата хранлива вредност, лекарите препорачуваат да се зема овој зеленчук во текот на целата година. Краставиците се полни со витамин Ц, во трагови се присутни сите витамини од групата Б, а содржат и каротен. Што се однесува до минералите, краставиците се богати со фосфор, калиум, железо, манган и јод. Урамнотежениот сооднос на натриум и калиум (низок процент на натриум, висок калиум) го прави совршен диуретик кој помага да се исфрлат течностите и токсините од телото.

Краставицата е една од најздравите намирници со најмалку калории – само 100 грама краставица содржи 15 калории.

Не содржи масти или холестерол. Кора од краставица е корисен избор на влакна кои го регулираат варењето и помагаат во топењето на мастите. Краставицата содржи околу 96 отсто вода.

Домат, извор на витамини и влакна

Сочна, вкусна, здрава, освежителна намирница. Богат е со ликопен и витамин Ц, а има низок процент на калории. Содржи околу 95 отсто вода. Содржи и фосфор и бакар. Тоа е важно за здрава кожа и цврсти коски, бидејќи помага во зајакнување на коскениот систем.

Го намалува крвниот притисок и го спречува развојот на рак. Важен е во исхраната на дијабетичарите.

Зелена салата

Тоа е добра комбинација од ниска калорична содржина и голема количина на вода, околу 96 отсто. Одличен извор на влакна, а се препорачува за луѓе кои страдаат од запек. Железото и бакарот во салатата се многу корисни за подобрување на крвната слика.

Марулата има и заштитна улога против некои форми на рак (на органите за варење и дишните патишта).

Салатата е најдобро да се јаде на почетокот на оброкот, бидејќи го отвора апетитот и брзо се вари. Сировите семки од сончоглед, сусам, тиква и лен се препорачуваат за комбинација со салатите од зеленчук.

Лубеница

Омилена е на многу луѓе во текот на летните месеци, се смета за здрава, вкусна и слатка намирница. Содржи 92 отсто вода.
Содржи есенцијални витамини А, Це и Б6. Лубеницата содржи и магнезиум, кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите. Исто така ја спречува болката во мускулите.

Спанаќот како лек

Здрав зелен зеленчук кој содржи околу 92 отсто вода, богат со магнезиум, калиум и витамини од групата Б. Спанаќот е важен за организмот, бидејќи му дава енергија на нашето тело.

Како природен извор на витамини, минерали и влакна, спанаќот е богат и со фитонутриенти, особено со бета-каротен и лутеин, кои го прават зеленчук со многу антиоксиданти кои ги штитат клетките во телото.

Припаѓа на исто семејство на растенија како цвекло, блитва, репа.
Обезбедува проток на кислород до клетките и ткивата: спанаќот содржи железо, кое влијае на количината на хемоглобинот во крвта.

Пиперки

Портокалова, жолта, црвена, виолетова или зелена, слатка или лута, паперката отсекогаш се сметала за исклучително здрава храна бидејќи е богата со витамини и минерали кои му се неопходни на човечкиот организам.

Пиперката, покрај големите количини на витамините А, Б и Ц, кои се важни за зајакнување на имунитетот, содржи и витамини Б1 и Б2. Поради витаминот Е, овој зеленчук се користи за превенција од рак.

Од минералите најмногу има калиум, фосфор и железо. Количината на вода што ја содржи е приближно 89 отссто, додека количината на етрични масла во семките зависи од количината на присутниот капсаицин алкалоид.

Јагоди

Слатко овошје кое многу луѓе го обожаваат. Освен што се богати со антиоксиданти и витамин Ц, јагодите содржат и повеќе од 90 отсто вода во себе.

Дињи

Слатко овошје со висока содржина на вода, околу 90 отсто. Дињата е богата со калиум, кој е одличен за одржување на хидрираноста на телото.

Дињата содржи исклучително малку калории и масти, а нејзиниот плод содржи 95 отсто вода, еден отсто протеини, 5,5 отсто шеќер, еден грам растителни влакна, лимонска киселина… Богата е со витамини Б и Ц, а од минералите содржи фосфор, калциум , магнезиум, калиум, железо, цинк…

Спречува дехидратација на телото. Поради високата содржина и на вода и на електролити, дињата го балансира нивниот однос и задржувањето на потребните електролити во организмот.

Ананас

Овошје кое е одличен извор на витамин Ц, со околу 87 отсто вода. Ананасот е најпопуларното тропско овошје и со право го носи името „кралица на овошјето“. Богат е со минерали како железо и манган, содржи многу витамин Ц, како и бета-каротен. Содржи и ензим бромелаин, кој природно го поддржува варењето.

Покрај тоа, ананасот содржи серотонин и ванилин. Вториот делува како подобрувач на расположението, додека серотонинот делува како транспортер на супстанциите до мозокот и е одговорен за задоволството и доброто расположение. Ананасот може позитивно да влијае на желбата за храна и анксиозноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот