Храна која е совршена во борбата против грип и настинки

Во сезоната на постудени денови, кога царува грипот, најважно е да го подигнеме имунитетот, а тоа лесно може да се направи со конзумирање на одредена храна и пијалоци.

РИБА

Сите видови на мрсна риба содржат масни киселини кои го подигнуваат имунитетот и помагаат во борбата против вирусите.

ЛУК

Лукот создава антиоксиданси кои помагаат во борбата против настинките, но лукот е и намирница број 1 во зајакнување на имунитетот.

ЧАЈ

Ништo во сезоната на постудени  денови не е толку благодетно како топол чај. Чајот ги смирува болките во грлото, а содржи и состојки кои помагаат во борбата против грипот. Одлучете се за чај од коприва или за чај од липа.

ПЕЧУРКИ

Печурките се богати со антиоксиданси, витамини, влакна и калијум, кои се ефикасни во борбата против настинките.

СЛАДОК КОМПИР

Слаткиот компир е многу ефикасен за сочувување на здравјето во текот на студената сезона. Неговите состојки се претвораат во витамин А кој е клучен за силен имунитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот