Храна има доволно – достапноста може да биде проблем

Да се одржат активни глобалните синџири на храна е клучно во време на КОВИД-19, порачувагенералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), Кју Донгју.

Има доволно храна за да се нахранат сите, но може да не биде достапна таму каде што е потребно. Мораме да осигураме дека пазарите на храна функционираат правилно и дека информациите за цените, производството, потрошувачката и залихите се достапни за сите во реално време.

Овој пристап ќе ја намали неизвесноста и ќе им овозможи на производителите, потрошувачите, трговците и преработувачите да спречат неоправдано панично однесување на глобалните пазари на храна.

Протокот на храна треба да се одржи активен за секого, а особено за најранливите, вели генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), Кју Донгју во врска со актуелната состојба предизвикана од КОВИД-19.

КОВИД-19, нагласува Донгју, силно потсетува дека солидарноста не е добротворна организација, туку здрав разум.

Донгју додава дека до сега КОВИД-19 не предизвика никаков притисок врз сигурноста на храната.

Ги повика креаторите на политики да избегнат ненадејно затегнување на условите за снабдување и проток на храна.

-Додека секоја земја се соочува со свои предизвици, соработката – меѓу владите и целокупниот спектар на сектори и засегнати страни – е од најголема важност. Доживуваме глобален проблем што бара глобален одговор. Мораме да осигураме дека пазарите на храна функционираат правилно и дека информациите за цените, производството, потрошувачката и залихите на храна се достапни за сите во реално време, вели Донгју.

Тој подвлекува дека подобро е навремено да се превенира бидејќи превенцијата како што вели чини помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот