Храна и секс: Ова се неколку намирници за поголемо либидо и издржливост

Фото: Pexels/ Dainis Graveris

Мала промена во менито може да го подобри вашиот сексуален живот. Нутриционистите велат дека е важно да се намалат масните наслаги на стомакот, а сметаат дека мажите кои се хранат со медитеранска храна имаат помалку проблеми со ерекцијата.

Откриено е дека високото ниво на естроген може целосно да ја намали желбата за секс кај мажите, но и да ја намали способноста на жената да постигне оргазам. Подобрување на либидото и страста се забележани при консумирање на одредени намирници и следење на одреден начин на исхрана, па затоа нутриционистите издвоија неколку предлози кои може да ги вклучите во вашата исхрана.

Целер

Иако целерот не звучи како највозбудливата храна која може да го подобри вашиот сексуален живот, сепак помага.  Бројни студии откриваат дека јадењето целер всушност го зголемува нивото на феромони во машката пот, нешто што жените особено ги возбудува. Нутриционистите велат дека консумацијата на целер ќе го направи секој маж попривлечен за жените. Исто така, целерот е полн со витамин Ц, калиум, фолна киселина, влакна и калциум.

Храна од растително потекло

Со ваква исхрана сигурно ќе имате повеќе енергија, ќе ослабете и ќе се чувствувате подобро, објаснуваат нутриционистите. Станува збор за храна богата со сиртуини – вид на протеин кој придонесува за зачувување на клетките. Го забрзуваат метаболизмот, ја подобруваат ефикасноста на мускулните влакна во телото, ги намалуваат воспалителните процеси, придонесуваат за губење маснотии. Некои од намирниците се: кељ, црвено вино, јагоди, кромид, соја, магдонос, маслиново масло, темно чоколадо (85 проценти какао), хељда, куркума, ореви, боровинки, кафе.

Бадеми

Бадемите се богати со магнезиум, хранлива материја која може да им помогне на луѓето да се релаксираат. Жените се порасположени за секс доколку се опуштени и добро одморени. Покрај бадемите благотворни се и другите јаткасти плодови, како и семки од тиква, велат нутриционистите.

Чоколадо

Чоколадото може да ја подобри циркулацијата, доведувајќи го протокот на крв до интимните делови од телото кои се важни за добар секс. Стресот влијае на либидото со подигање на нивото на хормонот кортизол. Зголеменото ниво на кортизол ги стеснува артериите и го ограничува протокот на крв во телото. Затоа, чоколадото е одличен избор за анти стрес терапија. Помага во ослободувањето на хемикалиите-фенилетиламин и серотонин во телото, кои придонесуваат за подигнување на расположението, но и ја зголемуваат циркулацијата, доведувајќи го протокот на крв „таму долу“.

Лубеница

Лубеницата е богата со витамин Б12, кој им недостига на многу луѓе. Ако ви недостига витамин Б12, веројатно ќе се чувствувате уморни и исцрпени, а тогаш мали се шансите да имате желба за секс.

Медитеранска исхрана

Студија од 2018 година покажала дека мажите кои се исхрануваат со медитерански тип на храна имаат помалку еректилни проблеми и уживаат подолго во сексот, дури и во подоцнежните години. Храната како риба и маслиново масло може да го зголеми нивото на допамин во мозокот и да предизвика возбуда. Исто така, го зголемува нивото на тестостерон, хормон што им е потребен на мажите и на жените за здрав сексуален нагон, објаснуваат нутриционистите.

Јајца

Јајцата се полни со корисни состојки за здравјето. Еден од нив е холин – супстанца важна за обновување на мозочното ткиво. Сексот започнува во мозокот, а холинот може да го подобри фокусот и да го подобри преносот на нервите. Тоа значи дека нервните завршетоци во пределот на гениталиите би можеле да бидат почувствителни, а тоа ќе обезбеди поголемо задоволство за време на сексот.

Исхрана без шеќер

Практикувањето исхрана без или со помалку шеќер може да го подобри либидото. Имено, кога јадеме јаглехидрати како шеќер, се зголемува нивото на хормонот инсулин. Тоа, пак, ја нарушува рамнотежата на другите хормони, па либидото ни страда. Шеќерот, исто така, предизвикува воспаление, што може да значи дека естрогенот се зголемува, а тестостеронот се намалува. Воспалението може да го попречи производството на естроген и прогестерон, што значи дека сексуалната желба и возбудата кај жените ќе се намалат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот