ХРАБРОСТ ИЛИ ЛУДОСТ: Кошаркарите на Виртус се вратија на тренинзи под посебни правила

твитер

Додека светот се чудеше на информацијата дека фудбалерите на Наполи од идната недела се враќаат на тренинзите, уште почудна вест доаѓа од Болоња.

Иако Италија е најзагрозена европската земја од коронаворусот и каде секојдневно илјадници луѓе се заболуваат од Ковид-19, а неколку десетици луѓе дневно умираат, кошаркарите на Виртус Болоња почнаа со тренинзи.

Тренерот на екипата, Александар Ѓорѓевиќ ја потврди информацијата дека неговиот тим започна да се подготвува за продолжение на сезоната, која прашање е дали ќе се доигра доколку состојбата со пандемијата на коронаворусот се влошува.

– Повторно почнавме со работа по оваа принудна пауза. Ќе продолжиме да им помагаме најдобро што можеме на нашите играчи да можат да ја вратат силата и кондицијата. Ние не се предаваме, а времето ќе покаже дали бевме во право со оваа одлука – изјави Ѓорѓевиќ.

Тренинзите ќе се одвиваат по строго утврдени правила, а постигнат е договор со фирма секојдневно да ја дезинфицира салата.

Специјализираниот кошаркарски сајт Спортандо, објасни како ќе изгледаат тренинзите на екипата на Виртус.

– Само еден вработен ќе ја отвора вратата на салата.
– Најмногу двајца кошаркари можат да бидат во салката истовремено. Еден на теренот, а другиот во теретана.
– Секој кошаркар ќе користи различна соблекувална.
– Салата секојдневно ќе се дезинфицира.
– Топките и сите останати предмети ќе се дезинфицираат по секоја употреба.
– Играчите имаат листа на безбедни ресторани од каде можат да порачуваат храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот