ХРАБРОСТ ИЛИ ЛУДОСТ? Го украл „ферарито“ на поранешен возач на Ф1

Лажен купувач на автомобили украл два милиони евра вредно „ферари“, кое некогаш му припаѓало на поранешниот возач на Формула 1, Еди Ирвајн.

Осомничениот маж со такси дошол до просторијата на фирмата која се занимава со продажба на автомобили во Дизелдорф.

Седнал во „Ферарито“ модел 288 GTO од 1958 година и отишол на двочасовно пробно возење.

Кога продавачот излегол од совозачкото место, човекот зад воланот ја стиснал педалата за гас и заминал во непознат правец. Полицијата следниот ден го нашла „Ферарито“ во една гаража во центарот на Дизелдорф.

Компанијата која продава автомобили навела дека колата му припаѓала на Ирвајн кој возел за Ферари од 1996 до 1999 година. Ова „ферари“ поминало 43.000 километри, а на некои пазари, како што е американскиот, наведува германската полиција, споменатиот модел може да се продаде и за повеќе од два милиони евра.

За среќа на полицијата и продавачите, автомобилот со силно црвена боја привлекол големо внимание. Некој од граѓаните се одзвал на апелот на полицијата и автомобилот бил брзо пронајден.

Меѓутоа полицијата не го пронашла крадецот, иако објавила фотографија од осомничениот.
Претставникот на компанијата за продажба на автомобили, Бернард Керкло за дневниот весник „Westdeutsche Allgemeine Zeitung“ рекол дека осомничениот пред средбата комуницирал преку телефон и по мејл.

Додал и дека таков автомобил никогаш не би можел да се продаде на црниот пазар, бидејќи „боде очи“.
Единствени вистински купувачи на луксузни автомобили се колекционерите. А тие секако би знаеле дека возилото е украдено.

„Ферари“ направила само 272 модели 288 ГТО.

Извор: BBC на српски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот