Храбриот Вардар ремизираше против Црвена звезда (ВИДЕО)

принтскрин/Crvena zvezda/Youtube

Белградските „црвено-бели“ на овој зимски тест меч ја имаа фаворитската улога, но не успеаја да пронајдат пат до мрежата на Гачевски.

Вардар и Црвена звезда во Анталија (Турција) во пријателски натпревар одиграа нерешено без голови 0:0. „Црвено-црните“ не потклекнаа, а особено се истакна во делот на одбраната која беше одлична.

Вардарци на овој дуел против белградските „црвено-бели“ настапија без тројца стандардни првотимци, Евгениј Новак, Али Адем и Матеј Цветаноски.

Стартниот состав на Вардар: Гачевски, Тошевски, Младеновски, Најдовски, Брдаровски, Жуниор, Димоски, Мицевски, Попзлатанов, Аврамовски и Ибиши. На овој дуел настапиха уште Колевски, Реџепи, Велковски и Омерагиќ.

Во првото полувреме двете екипи немаа многу шанси, Вардар се закани двапати во финишот и тоа со непрецизни удари.

За одбележување во првиот дел беше 28. минута, кога Вулиќ се обиде со удар од 30 метри, а Гачевски одбрани и изби во корнер. Потоа во 30. минута од нафрлена топка од корнер, Панков упати удар со глава, а голманот на македонскиот клуб повторно одбрани.

Во вториот дел поточно во 70. минута противникот ја имаше најдобрата шанса за гол. После еден изведен корнер, Милуновиќ со удар со глава ја погоди само стативата од голот на Гачевски и по среќа на Вардар мрежата остана незатресена.

Како се наближуваше крајот, така Црвена Звезда го зголемуваше притисокот кон голот на Гачевски. Десет минути подоцна Томане повторно имаше закана со глава, овој пат од нафрлена топка, но само крај голот на Гачевски. Во последните десет минути од дуелот противникот имаше неколку шанси за да дојде до предност и победа, но не успеа да реализира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот