Храбриот потег на принцезата Дајана: Прекрши правило кое траело со векови за време на својата венчавка!

профимедиа

На денешен ден во 1981 година се венчале принцезата Дајана и принцот Чарлс. Исходот од нивната љубовна и брачна приказна е добро познат, но не и сите детали за самата церемонија.

профимедиа

Тие двајца се заколнаа на вечна љубов во катедралата Св. Павле во Лондон, а добро е познато како заврши нивниот брак. Самата Дајана зборувала за тоа дека сопствената венчавка ѝ била мачна, па уште тогаш не им било судено долга љубов.

профимедиа

Меѓутоа, интересни се деталите од самата венчавка и тоа како Дајана прекршила едно многу важно правило. Овој нејзин контроверзен потег „запишан“ е и во текст објавен во Њујорк Тајмс од 1981 година. Всушност, од 1662 година се применуваат правилата од англиканската „Книга на заеднички молитви“, односно завети кои истакнуваат дека жените ќе ги сакаат, негуваат и слушаат своите партнери до смрт.

профимедиа

Сепак, на својата кралска венчавка Дајана одбила да го изговори зборот „obеy“ (слуша/почитува/покорува). Тој еден збор кој значи дека ќе ги слуша желбите на својот сопруг, не сакала да го изговори, па со тоа всушност дала знак дека нема да се покори ниту пред Чарлс, ниту пред неговото семејство.

профимедиа

Иако тогаш многумина биле зачудени и воодушевени од овој смел потег, бидејќи дигнал многу прашина во тоа време, интересно е што овој збор не се нашол ниту во заветите на Кејт Мидлтон, ниту во оние на Меган Маркл.

профимедиа
профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот