Храбриот Маркез до пол позиција во Брно (ВИДЕО)

EPA-EFE

Шпанскиот мотоциклист Маркез на својата Хонда имаше неверојатен круг и на крајот имаше 2,5 секунди подобро време од второпласираниот Џек Милер и Жоан Зарко на третата позиција.

На влажната патека во Брно, Маркез ризикуваше со гуми на суво и тоа му се исплатеше, а доказ е големата предност на крајот од саботните квалификации.

Четврти најдобар резултат имаше Андреас Довициозо, а од петтото до 10 место редоследно се најдоа Еспаргаро, Ринс, Роси, Петручи, Вињалес и Квартараро.

В недела е закажана трката од 14.00 часот за ГН Чешка, вкупно 10. сезонава во МотоГП шампионатот. Моментно на табелата води Маркез со 185 бодови, пред Италијанците Довициозо (127) и Петручи (121).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот