Хоти: Во септември започнува петгодишниот план за економско закрепнување на Косово

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави денеска дека од идниот месец ќе започне спроведувањето на план за изработка на нова стратегија за економско закрепнување на земјата од последиците на епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи се на состанокот на Националниот совет за економија и инвестиции, Хоти рече дека за таа цел ќе се изготви „петгодишна развојна стратегија во вредност до шест милијарди евра”.

– Ние и онака имавме во план во септември да го започнеме драфтувањето на новата развојна стратегија за Косово, но сега сме принудени да понудиме долгорочен план за економско закрепнување, бидејќи е повеќе од јасно дека ќе се соочиме со економски проблеми, не само во текот на оваа туку и наредната година. Ова подразбира петгодишна развојна стратегија во вредност до шест милијарди евра – го цитира „Коха.нет” премиерот Хоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот