Хоти: Со одобрувањето на буџетот се обезбедија 40 милиони евра за вакцини против ковид-19

epa06004340 Parliamentary elections Prime Minister candidate and leader of the Democratic League of Kosovo (LDK) Avdullah Hoti (C) attends the opening electoral rally in Pristina, Kosovo, 01 June 2017. Kosovo's early elections will be held on 11 June 2017. EPA/VALDRIN XHEMAJ

Собранието на Косово го одобри Предлог законот за буџетот за 2021 година. Премиерот Авдулах Хоти на Фејсбук соопшти дека со одобрувањето на буџетот се предвидува набавка на анти-ковид вакцини за што се обезбедени 40 милиони евра.

Вакцината Фајзер предизвика уште еден скандал меѓу Србија и Косово: Косовските власти не знаат како Србија успеа да ги внесе вакцините во српските општини

„Буџетот за 2021 година е одобрен, што обезбедува стабилност за функционирањето на институциите, соодветно здравствено финансирање за борба против пандемијата, вклучително и набавка на вакцини против ковид 40 милиони евра. Буџетот предвидува редовно финансирање на образованието, правдата, безбедноста и одбраната, културата, младите и спортот, редовно финансирање на социјални и пензиски шеми, финансирање на капитални проекти, редовно финансирање на општинскиот буџет. Буџетот предвидува реализација на Програма за закрепнување за 2021 година, и придонесува за култивирање на партнерства со меѓународни финансиски институции и други развојни партнери на Косово што недостасуваше во последниве години“ напиша Хоти.

Османи: Србија ја користи секоја прилика да го дестабилизира Косово

Видео на денот