Хоти: Нема повеќе компромиси во преговорите со Србија

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Косовскиот премиер Авдула Хоти вели дека темата на Заедницата на општини со мнозинско српско население е затворена и дека Косово повеќе нема да прави компромиси за постигнување на конечен договор за решавање на спровите со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

За време на денешната посета на Призрен, Хоти изјави дека не е сигурен како ќе продолжат преговорите доколку српската страна и натаму инсистира на повторно отворање на прашањето на Заедницата, но нагласи дека дијалогот сепак нема да стагнира по вина на Приштина.

– Заедницата е тема што е затворена уште во 2013 година. Меѓутоа, дијалогот нема да стагнира поради Косово. Ние сме независна држава, принципите ни се јасни и тие се усогласени со нашите меѓународни пријатели кога влеговме во овој значаен процес. Подготвени сме за дијалогот врз основа на тие принципи. Косово веќе нема да прави компромиси за постигнување договор со Србија. Компромисите Косово ги направи во 2008 година, кога ја прогласи независноста, изјави Хоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот