Хоти: Косово е со најмалку заболени од ковид-19 во регионот и во Европа

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека состојбата со ковид-19 во земјата и натаму е под контрола и дека има многу помалку заразени од вирусот во споредба со земјите од регионот и Европа.

Хоти, преку неговиот профил на Фејсбук, порача дека Владата успева да ја држи ситуацијата под контрола, но побара од граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките кои ги препорачуваат здравствените власти, со цел што полесно да се преброди новиот бран на пандемијата.

– Расте бројот на тестови за ковид-19, како што расте и бројот на случаи. Ние продолжуваме да ја држиме ситуацијата под контрола и имаме многу помалку заразени споредено со регионот и Европа. Нашите институции го чинат невозможното за да ја држат под контрола оваа ситуација, а тоа посебно се однесува на здравствените работници. Затоа да им помогнеме, порача Хоти.

Последните денови во Косово секојдневно се зголемува бројката на новозаразени со коронвирусот, а според последниот 24-часовен извештај на Институтот за јавно здравство во петокот се забележани рекордни 514 новозаболени, со што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на пандемијата достигна до 19.842. Од нив починале 681, а излекувани се 15.520, така што активни случаи во моментот се 3.641 лице.

Секојдневно расте и бројката на извршени тестирања, според методот РТ-ПЦР, така што во изминатото деноноќие беа испитани 1.750 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, што е двојно повеќе споредено со дневната бројка на испитаници пред десетина дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот