Хоти бара од косовските безбедносни институции да се координираат со КФОР

Косовскиот премиер Авдулах Хоти на денешниот состанок со челниците на безбедносните институции побара нивна координација со меѓународните механизми, во прв ред со меѓуннародните трупи стационирани во Косово, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина.

На состанокот, одржан преку видео-конференциска врска, учествувале министерот за внатрешни работи Агим Велиу, министерот за одбрана Антон Ќуни, директорот на агенцијата за разузнавање Крешник Гаши, командантот на Безбедносните сили на Косово, генерал-полковникот Рахман Рама и директорот на Полицијата на Косово, Рашит Ќалај.

Во владиното соопшение по состанокот, се наведува дека Хоти побарал од надлежните институции „натамошна посветеност и мобилизација” и во справувањето со епидемијата на Ковид-19.

– Премиерот исто така побара координација со меѓународните безбедносни механизми, а посебно со КФОР, како стратешки партнер на Косово во областа на одбраната и безбедноста – се вели во соопштението.

Состанокот уследи по инцидентот од саботата, на 8 август, кога патрола на српската жандармерија навлезе во косовското село Карачево, на границата меѓу двете држави. По бурните реакции кои уследија во косовската јавност откако беа објавени снимки на српската патрола во селото, КФОР објави дека се работело за заедничка патрола која била синхронизирана со српската војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот