Хоспитализирани уште 55 пациенти во ковид центрите во Скопје, пет пациентки лежат на ГАК

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
 Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство, од каде информираа дека на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 406 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 и голем дел од нив се на кислородна поддршка.
– Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерството за здравство.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 28 приеми, а вкупно се лекуваат 166 пациенти.
Во текот на вчерашниот ден во ковид центарот во ГОБ „8 Септември” имало четворица примени пациенти, а 12 биле примени на Инфективната клиника, додека на Институтот за белодробни заболувања во Козле не биле примени пациенти.
Според статистиката на ресорното Министетство, во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, на Клиниката за инфективни болести 131 пациент, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле 25 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Во изминатите 24 часа,  дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот