Хоспитализирани се 110 пациенти од ковид-19 во прилепската болница, но има 30 слободни кревети

Со новиот ковид-оддел на гинеколошкото одделение, прилепската болница се вбројува во врвот на општите болници во државава со најмногу слободни места за хоспитализација на пациентите со ковид-19. Хоспитализирани се 110 пациенти, за жал постојано пристигнуват нови, но располага со 30 слободни кревети и пациентите се примаат без особени ограничувања.

Како што објаснува инфектологот Мирјана Крстеска, раководител на инфективното одделение, во моментов имаат можност за хоспитализација и нега на пациентите.

– Во моментов се хоспитализирани 106, се примаат нови и бројката е до 110, а на располагање се 140 болнички кревети. Заедно со новиот Ковид-центар кој е на гинеколошкото одделение, сосема одвоено од акушерскиот оддел. Со тоа малку се разлабави работата за да може да примаме пациенти. Во моментов имаме 30 слободни кревети.  Може да примаме пациенти без некои ограничувања, изјави Крстеска.

Нема проблем со персонал во моментов, особено со медицински сестри и со болничари и негуватели. На помош пристинуваат матични лекари-волонтери, а досега се четворица.

-Со персоналот сега сме многу подобри. Доаѓаат и од други места.  Лекари немаме многу, да признаеме, но имаме доволно медицински сестри и болничари. Имаме волонтери матични лекари. Еден веќе цел месец волонтира, и со други тројца, сега имаме вкупно четворица матични лекари кои волонтираат. Помлади се, но многу добро се снаоѓаат во работата, вели инфектологот Крстеска.

Има доволно и антибиотска терапија, а новите лекови ќе пристигнат откако ќе бидат достапни на  Инфективната клиника во Скопје.

Според епидемиолозите, последната недела е иста со претходната. За една недела има 425 новозаразени, активни се 965 случаи. Од речиси 110 хоспитализирани, 53 се на кислородна поддршка. Од почетокот на епидемијата во земјава, повеќе од 2.600 се заразени и 114 починати. Само во последната недела починале 18 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот