16 C
Скопје

Хоспитализирани 682 ковид-пациенти, од нив 263 се во Скопје

 Во ковид-центрите низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 419 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, а заедно со ковид-пациентите на инфективните оддели во Скопје (263), вкупно се хоспитализирани 682. Има околу 360 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здарвство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, 32 во Штип, 17 во Тетово, 25 се лекуваат во Велес, 65 во Куманово, 56 во ковид-центарот во Охрид, 75 во Прилеп, шест пациенти во Гостивар, по 19 во Струга и во Струмица. Во Кочани се хоспитализирани седум, осум ковид-пациенти има во Кичево, 42 во Кавадарци, пет во Гевгелија и 13 во Дебар.

Министерството за здарвство напоменува дека бројот е променлив зашто во текот на  денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што се ослободуваат дополнителни легла.

Прочитајте и...  Џонсон: Почит за Филип и неговата љубов кон кралицата

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, информира Министерството и наведува дека доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани вести

ЕУ воведе санкции за официјални лица во Иран: Техеран одговори со прекинување на соработката

Слободен печат

Американската амбасада во Сараево нема да шпекулира за наводни изјави за територијални поделби

Слободен печат

Дачиќ: Не бев близок со семејството Милошевиќ, но не бев предавник

Слободен печат

77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Слободен печат

Лукаревска: Најостро демантирам дека Дејан Смилевски имал каква било допирна точка со МојДДВ

Слободен печат

Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Слободен печат

Остави Коментар