Хоспитализирани 1.313 пациенти со ковид во болниците низ земјава

Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во болниците низ земјава, е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и сомнителни  на коронавирусот, соопшти Министерството за  здравство (МЗ).
Според извештаите на болниците кои дневно пристигнуваат во МЗ, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 61 болен, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп – 119, во ковид-центарот во Гостивар – 66, а во Струга – 34 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 75 пациенти, во Кочани – 25 во Кичево – 18, во Кавадарци – 54, во Гевгелија – 10 лица, а во Дебар седум позитивни  и сомнителни на вирусот.
– Вкупната бројка на позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид-центрите, информира Министерството за здравство, напомнувајќи дека  предвид треба да се има дека бројките се менуваат од час во час според направените приеми и дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство наведува дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот