Хоспитализирани 1.102 пациенти поради ковид-19

Инфективна клиника / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.102 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 465 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 87 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 27 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Куманово 72 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 56, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 20, Кавадарци 30, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1102 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот